,,Аџибадем Систина” посветена на грижата за стари лица

22.11.2024

По повод одбележување на неделата за грижа на стари лица, Клиничката болница ,,Аџибадем Систина” се вклучи во активностите што се одвиваа во Општината Шуто Оризари. Идејата за одбележување на неделата е да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и потребната грижа и помош.

Наш тим од доктори и медицински сестри вршеа бесплатни прегледи, мерење на крвниот притисок и проверка на гликоза во крвта.

,,Аџибадем Систина”, како општествено одговорна компанија, и во иднина ќе ги поддржи ваквите активности кои обезбедуваат поквалитетен живот на граѓаните. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.