Аџибадем Систина

Одржан третиот стручен состанок за кардиохирургија во Охрид

11.12.2014

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го одржа третиот стручен состанок за кардиохирургија. Главниот фокус на предавањата беа најновите достигнувања во современата кардиохирургија. На оваа тема свои излагања имаа проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург и д-р. Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Дел од предавачите беше и д-р Никола Бакрачески, Центар за кардиоваскуларни заболувања – Охрид.

По одржаните предавања во Штип и Маврово, состанокот во Охрид е воедно и последниот во рамките на Регионалната конференција за кардиохирургија организирана од страна на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Со задоволство можеме да кажеме дека трите состаноци наидоа на голем интерес и беа одлична можност за споделување на последните достигнувања од областа на кардиохирургијата, размена на искуства, ставови и резултати од оваа област. Состаноците беа акредитирани од Лекарска комора на Македонија. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.