Аџибадем Систина

ПРЕЗЕНТИРАНИ НАЈНОВИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО СОВРЕМЕНАТА КАРДИОХИРУРГИЈА

12.11.2014

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше Стручен состанок на тема „Достигнувања во современата кардиохирургија“. Најновите достигнувања од оваа област ги презентираа проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург и д-р.Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Состанокот наиде на голем интерес од страна на докторите од Источна Македонија, кои активно се вклучија во дискусијата и ги изнесоа своите искуства во секојдневната работа со пациентите. Состанокот е акредитиран од Лекарска комора на Р Македонија.

Ова е првиот од неколкуте стручни состаноци на тема кардиохирургија кои се дел од Регионалната конференција за кардиохирургија организирана од страна на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Следниот стручен состанок ќе се одржи на 03.12.2014 во Маврово.  

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.