Правилното дишење овозможува оптималното количество на кислород преку крвотокот да пристигне до секоја клетка со што телото се исхранува правилно. Во услови на современ живот и изложеност на секојдневен стрес и загадување, голем дел од луѓето не дишат правилно.Правилното дишење го забрзува процесот на заздравување на организмот, го смирувацелокупниот нервен систем, го намалува стресот и делува благотворно на менталното и емоционалното здравје. Длабокото дишење го забрзува заздравувањето на повредите и болестите, а особена помош е при болестите на дишниот систем како ХОББ, астма и бронхитис.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.