ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОДРЖАН СТРУЧЕН СОСТАНОК НА ТЕМА „УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО РАДИОЛОГИЈАТА“

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОДРЖАН СТРУЧЕН СОСТАНОК НА ТЕМА „УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО РАДИОЛОГИЈАТА“

03.03.2023

Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок на тема „Ургентни состојби во радиологијата – приказ на случаи од секојдневната пракса“. Состанокот, кој беше во организација на Македонската асоцијација на радиолози, го следеа над 100 доктори од различни специјалности.Со стручни излагања и прикази на случаи учество зедоа еминентни радиолози од државните и приватните клинички болници во земјава. Предавач од „Аџибадем Систина“ беше д-р Изабела Јовановска, а дел од модераторите на стручниот состанок од нашата болница беше и радиологот д-р Сенчо Нетков.

Со поздравен говор на почетокот од состанокот се обрати медицинскиот директор на „Аџибадем Систина“, проф. д-р Игор Кафтанџиев. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ активно ги поддржува ваквите стручни средби кои овозможуваат едукација и размена на искуства и знаење. Една од главните цели на болницата е да создаде услови за унапредување на знаењето и внесување нови методи за дијагноза и третман, а ваквите стручни состаноци се од исклучителна важност. Претседател на Македонската асоцијација на радиолози е доц. д-р Александар Ѓорески, интервентен радиолог, кој од неодамна е дел од медицинскиот тим на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и е шеф на Одделот за онкологија, радиологија и нуклеарна медицина.

 

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.