ОД ИСТРАЖУВАЊЕ НА МИКРОБИОМОТ ДО НЕГОВА КЛИНИЧКА ПРИМЕНА

ОД ИСТРАЖУВАЊЕ НА МИКРОБИОМОТ ДО НЕГОВА КЛИНИЧКА ПРИМЕНА

23.11.2026

 Д-р Биљана Ќурчиќ-Трајковска, микробиолог и проф. д-р Корнелија Трајкова специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина", беа поканети да ја претстават својата 16-годишна истражувачка работа и нејзината клиничка примена на 4. Симпозиум за цревниот микробиом во Копенхаген, одржан на 11 ноември 2026 година на Универзитетот во Копенхаген, Данска.

Со презентацијата „„Од истражување на микробиомот до медицина заснована на сознанија за микробиомот" беше претставен развојот од научно истражување на урогениталниот микробиом до прецизно дефинирани клинички алгоритми за индивидуализирана проценка, менаџирање и следење на пациентите.

Особено значајно постигнување е интеграцијата на микробиолошките и клиничките сознанија во практичен модел на персонализирана медицина, развиен и применет во Клиничката болница „Аџибадем Систина".

На симпозиумот беа претставени најсовремените научни сознанија за составот и улогата на хуманиот микробиом, неговото влијание врз здравјето и поврзаноста со различни заболувања, поткрепени со резултати од актуелни истражувања на водечки меѓународни центри за микробиом.

Воедно, беше претставено и Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом, со визија за понатамошен развој на микробиомската медицина и проширување на клиничкиот пристап кон интестиналниот микробиом и хроничните заболувања.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.