По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, во организација на Здружението на неонатолози на Македонија, се одржа стручен состанок посветен на современите сознанија и предизвици во грижата за предвремено родените новороденчиња.
На стручниот состанок, д-р Симонида Спасевска, шеф на Одделението за неонатологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, одржа предавање на тема „Специфичности на гастроинтестиналниот тракт кај предвремено родени бебиња и нивниот микробиом“.
Во рамки на предавањето беше истакнато значењето на развојот и созревањето на дигестивниот систем кај предвремено родените бебиња, како и улогата на цревниот микробиом во нивното здравје и понатамошен развој.
Учеството на вакви стручни собири е дел од континуираната посветеност на „Аџибадем Систина“ кон унапредување на неонаталната грижа, размена на медицински знаења и примена на современи пристапи во лекувањето на најмалите и најчувствителни пациенти.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.