Со голем интерес и присуство на бројни посетители се одржа едукативното предавање посветено на дијабетесот тип 1 и тип 2, во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Настанот се одржа на 17 ноември, во амфитеатарот на болницата, каде што присутните имаа можност одблиску да се запознаат со најважните медицински и нутритивни аспекти поврзани со дијабетесот, неговото навремено откривање, современите можности за лекување и контролата на болеста.

За темата говореа еминентни специјалисти од областа на ендокринологијата и нутриционизмот: проф. д-р Татјана Миленковиќ, проф. д-р Гордана Пемовска, д-р Надица Божиновска-Димова, д-р Горан Петровски и нутриционистката м-р Ана Антовска.

Преку стручни излагања и практични совети, предавачите ги доближија до присутните разликите меѓу дијабетесот тип 1 и тип 2, симптомите и значењето на раната дијагноза, современите терапевтски пристапи, правилната исхрана, физичката активност и важноста на редовното следење на нивото на гликоза во крвта.

Големиот интерес за предавањето уште еднаш ја потврди потребата од континуирана едукација и достапност на проверени здравствени информации. Преку ваквите активности, „Аџибадем Систина“ ја потврдува својата посветеност на подигнувањето на здравствената свест, промоцијата на превенцијата и поттикнувањето на здрави животни навики.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.