Како официјален здравствен партнер на Специјалната олимпијада, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбеди здравствени прегледи за атлетите Адмир Дупљак и Јане Никодиновски, во пресрет на нивното учество на првиот Европски натпревар во бадминтон на Специјалната олимпијада, кој започнува денеска и ќе трае до 22 ноември во Баку, Азербејџан.
Во рамките на партнерството, „Аџибадем Систина“ обезбедува сеопфатна медицинска поддршка за атлетите, насочена кон следење и унапредување на нивната здравствена состојба, како и навремено препознавање на потенцијалните здравствени ризици. Здравствената грижа опфаќа кардиоваскуларни скрининзи, биохемиски лабораториски анализи, како и изработка и следење на индивидуални диететски и нутритивни протоколи.

Атлетите Јане и Адмир неодамна настапија и на Државното првенство во бадминтон, каде што Јане оствари четири победи и се пласираше меѓу петте најдобри натпреварувачи во земјава, додека Адмир стекна значајно натпреварувачко искуство, кое претставува важен чекор во неговиот понатамошен спортски развој.
Со оваа соработка, „Аџибадем Систина“ ја продолжува својата посветеност на унапредувањето на здравјето, еднаквите можности и инклузијата на лицата со интелектуална попреченост, придонесувајќи за нивната благосостојба и остварувањето на спортските цели.
На Јане и Адмир им посакуваме успешен настап во Баку, многу спортски успеси и достојно претставување на нашата земја на меѓународната спортска сцена.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.