„БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАС, МОЈОТ ТАТКО И ДЕНЕС Е ДЕЛ ОД НАЈУБАВИТЕ МОМЕНТИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ“

„БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАС, МОЈОТ ТАТКО И ДЕНЕС Е ДЕЛ ОД НАЈУБАВИТЕ МОМЕНТИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ“

21.10.2026

Емотивна исповед на Ана Јосифова, која со неизмерна благодарност се присетува на најтешките часови од својот живот и на денот кога проф. д-р Александар Николиќ и тимот на кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ му помогнале на нејзиниот татко повторно да ја продолжи својата животна приказна.
„17 март 2022 година е датум што засекогаш ќе остане врежан во моето срце. Ден кога времето за мене застана, а секоја минута изгледаше како вечност. Ден кога мојот татко, Зоранчо Дончовски, беше подложен на операција за замена на аортниот залисток со биолошка протеза.
Додека татко ми се бореше во операционата сала, јас, како негова ќерка, пред болницата ги преживував најтешките часови во мојот живот. Со солзи во очите, страв во душата и илјада молитви во срцето, се обидував да останам силна. Но, неизвесноста беше преголема. Секоја измината минута носеше нов страв, а во мене живееше само една желба - повторно да го видам татко ми жив, да го слушнам неговиот глас и уште еднаш силно да го прегрнам.
Во тие моменти сфатив колку е кревок животот и колку е бесценето присуството на оние што најмногу ги сакаме. Сфатив дека понекогаш најголемата среќа не се големите нешта, туку можноста повторно да го прегрнеш човекот без кого не можеш да си го замислиш животот.
Денес, со срце исполнето со неизмерна благодарност, сакам да изразам длабока почит кон  проф. д-р Александар Николиќ, човекот кому му беше доверено она што за мене е бесценето - животот на мојот татко.
Докторе, Ви благодарам за Вашата стручност, професионалност, посветеност и пожртвуваност за време на операцијата, но и за грижата и вниманието што му ги посветивте на мојот татко во деновите на неговото закрепнување.
Вашата смиреност, подготвеност, трпеливост и љубезност оставаат неизбришлива трага во срцата на семејствата што Ви ги доверуваат своите најмили. Но, она што Ве прави навистина посебен не се само Вашето медицинско знаење и искуство, туку и човечноста, топлината и искрената грижа што ги покажувате кон пациентите и нивните семејства.
Кога стравот е посилен од зборовите, а неизвесноста ја исполнува секоја мисла, еден смирен збор, еден искрен поглед и чувството дека најблискиот е во сигурни раце значат повеќе отколку што може да се опише.
Искрена благодарност упатувам и до целиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, до сите лекари, медицински сестри и медицински персонал на Одделот за кардиохирургија. Ви благодарам за несебичната грижа, трпението, вниманието и човечкиот однос што му ги пруживте на мојот татко. Во деновите исполнети со страв и надеж, секој ваш збор на охрабрување, секоја насмевка и секој гест на добрина имаа непроценливо значење за нас.

Кога некој ќе му помогне на вашиот татко да ја продолжи својата животна приказна, благодарноста престанува да биде само збор. Таа станува чувство што се носи длабоко во срцето - засекогаш“, сподели ќерката Ана. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.