Како и секоја година, и овој мај – месецот посветен на борбата против меланомот, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организира бесплатни дерматолошки прегледи на бенки за 200 пациенти, со цел подигнување на свеста за оваа сериозна и сè почеста болест.
Раната превенција и редовните дерматолошки контроли се од исклучително значење. Обрнете внимание на секоја промена во големината, бојата или формата на бенките, како и појава на нови промени на кожата.
Доколку имате сомнителна бенка и сакате стручен совет, консултирајте се со нашиот искусен тим дерматолози.
Закажете го вашиот бесплатен преглед во Контакт-центарот на 02/ 30 99 500.
Бесплатните прегледи ќе се изведуваат на 9 мај (сабота).