Ни претставува чест што и оваа година бевме дел од поддржувачите на NOVA Family Festival, кој се одржа во кругот на Меѓународното училиште „НОВА“. Настанот беше одлична можност за дружење на учениците, нивните семејства и бројните посетители. Преку бројни активности беа претставени различни култури и традиции од целиот свет. Особено нè радува што фестивалот имаше хуманитарен карактер, со поддршка за Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.