Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“ е прв од ваков тип во регионот. Нашиот искусен експертски тим составен од неврохирурзи, трауматолози и ортопеди секојдневно работи на дијагноза и лекување на состојбите поврзани со ’рбетниот столб. Овие доктори со помош на своето искуство, знаење, вештини и најмодерната опрема во регионот работат со цел да ја вратат функцијата на ’рбетот и да ја намалат болката кај пациентот.
Спиналниот центар нуди мултидисциплинарен пристап преку кој ја подобрува грижата на пациентот и го лекува од различни медицински аспекти во еден третман. Тимот специјалисти на највисоко ниво на стручност и искуство создава иновативни и софистицирани техники во третманот на болестите и повредите на ‘рбетот. Тука спаѓаат:
Повреди на ’рбетот – фрактури кои ги вклучуваат сите сегменти на ’рбетниот столб (вратни, градни и лумбосакрални) заден, преден и комбиниран пристап
Тумори на ’рбетот – примарни и секундарни тумори (метастази) – заден, преден и комбиниран пристап
Деформитети на ´рбетот кај деца и возрасни (сколиози, кифози, дегенеративни деформитети на ´рбетот)
Спондилоза и нестабилност на ´рбетот во сите сегменти
Инфекции на ´рбетниот столб – ТБЦ, pyogenic (деца и возрасни)
Патолошки и фрактури од остеопороза – ветебропластика, фиксација со зголемување (заден, преден и комбиниран пристап)
Тумори на ‘рбетниот мозок –интрадурални тумори на ´рбетниот мозок (медула)
Фибромијалгија
Болести поврзани со стареење на ´рбетот (дегенеративни болести)