Аџибадем Систина

ХРАБРОСТА НЕ СЕ МЕРИ СО ГОЛЕМИНАТА НА ТЕЛОТО, ТУКУ СО ГОЛЕМИНАТА НА СРЦЕТО

13.08.2025

Споделуваме уште една моќна и инспиративна животна приказна – приказната на малата Дарија. Таа има само две години, но зад себе носи борба што значи живот. Патот кон излекувањето бил исполнет со стравови, неизвесност, безброј прегледи и непроспани ноќи. Но денес, таа е насмеано и безгрижно дете, далеку од болничките соби.

За среќа, низ овој тежок пат ја водел искусен и посветен доктор – човек што не само што ја лекувал, туку и им ја вратил светлината во очите на нејзините најблиски. Благодарение на грижата и посветеноста на д-р Ристо Симеонов, Дарија денес живее детство какво што заслужува секое дете – полно со смеа, љубов и надеж.

Со својата детска насмевка и големи, храбри очи, Дарија покажа што значи вистинска борба, но и дека храброста не се мери со големината на телото, туку со големината на срцето.

„Од првиот ден кога ја дознавме нејзината дијагноза, светот ни застана. Малечко срце, мало тело, а пред неа – огромна битка. Битка која бараше сила што дури ни возрасните често не ја наоѓаат во себе. Но Дарија ја имаше. Таа беше роден борец. Патот не беше лесен. Беше долг, полн со стравови, неизвесности, безброј прегледи, терапии, чекања и ноќи без сон. Пат исполнет со солзи, но и со неизмерна љубов и вера. Секој ден, секој здив, секоја мала победа беше чекор напред – чекор кон животот што ѝ припаѓа. Патот кон излекувањето не доведе во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’, каде што уште еднаш видовме што значи професионализам, грижа и посветеност. Ви благодариме на целиот тим кој со своето знаење, искуство и трпение ја водеше Дарија кон излекување. Секоја насмевка, секој охрабрувачки збор, секој внимателен преглед, беше зрак надеж за нас. Но најголемата благодарност, со целото наше срце и душа, му ја упатуваме на нашиот херој – доктор Ристо Симеонов. Човекот што ни ја врати светлината во очите. Човекот што не само што ја изведе сложената операција со умешност и прецизност, туку и ни даде сила кога најмногу ја баравме. Човекот што не само што ја спаси Дарија, туку и ни покажа што значи вистински лекар – оној што лечи и срца, не само тела.

Денес, нашата Дарија е симбол на победата. Симбол на надежта, љубовта и верата. Таа е нашиот јунак кој ја доби најважната битка – битката за живот. Оваа приказна нема крај. Ова е почеток на еден нов живот, живот полн со сонце, смеа и нови победи“, сподели нејзината мајка Кристина.

 

 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.