Во последните две години, 39-годишната пациентка почнала да забележува одредени промени кај себе во пределот на стомакот, кој веќе почнувал да ѝ пречи при вршење на секојдневните активности. Таа вели дека и покрај овие промени не се сомневала на ништо, бидејќи немала никакви симптоми кои ја загрижувале за да побара медицинска помош. Но, како што поминувало времето, промените во пределот на стомакот станувале сѐ повидливи, а во последните месеци почнала да намалува во тежина, а големината на стомакот се зголемувала. Без да размислува повеќе, одлучила да направи контролен преглед кај специјалистот по гинекологија и акушерство, д-р Бобан Сарџовски, кој еднаш веќе ја имал оперирано пред 12 години.
„Не чувствував никакви тегоби, немав никакви болки, имав редовни менструални циклуси и воопшто не размислив дека можеби се работи за некоја болест сѐ додека не почнав да ги забележувам промените во пределот на стомакот, кој во последниве месеци видливо се зголемуваше, стануваше сè поголем и поголем, па затоа се одлучив да дојдам на преглед кај д-р Сарџовски, бидејќи знам дека сум во добри раце, доктор на кого му верувам“, вели пациентката.
Пред 12 години, оваа пациентка била оперирана од тумор на десен јајчник. При интервенцијата се отстранети десниот јајчник и голема туморска формација.
„При првата интервенција, кај пациентката забележавме големо присуство на асцитна течност и голем тумор на десниот јајчник. Прво ја извадивме течноста во три наврати, па следуваше операцијата при која беше изваден тумор со големина на детска глава“, вели д-р Сарџовски.
На д-р Сарџовски му беше доволен само еден ултразвучен преглед каде што утврдил дека овој пат се работи за уште поголема туморска формација на левиот јајчник. Неговата препорака била веднаш да се почне со предоперативни подготовки и испитувања за да се направи операција за отстранување на туморот.
„По извршен гинеколошки и ултразвучен преглед, утврдив дека овој пат се работи за уште поголем оваријален тумор на левиот јајчник, многу поголем од оној што го извадивме пред 12 години. Откако беа направени сите предоперативни подготовки, беше направена тотална абдоминална хистеректомија и во текот на неколкучасовната операција, извадена е туморска формација со потекло од лев јајчник, тешка 9,7 килограми, со големина на кошаркарска топка. Сите материјали беа испратени за патохистолошка анализа“, вели д-р Сарџовски.
39-годишната пациентка вели дека благодарение на д-р Сарџовски и неговото искуство се ослободила од проблемот, кој ѝ претставувал огромен товар и пречка во извршување на секојдневните активности во текот на последниве две години.
„Јас и моето семејство сме му бескрајно благодарни на д-р Сарџовски, кому вторпат му го доверив своето здравје. Д-р Сарџовски е, пред сѐ, голем човек и професионалец, затоа и знаев дека ако ме оперира тој, јас ќе бидам во најдобри раце. Им благодарам и на сите доктори и сестри од Одделот за гинекологија и акушерство за нивната посветеност, љубезност и беспрекорната грижа, која им ја даваат на своите пациенти“, вели 39-годишната пациентка.
Посетата на гинеколог за многу жени претставува стрес, но д-р Сарџовски ги советува дека стравот треба да се победи и најмалку еднаш годишно секоја жена да посети гинеколог. Само со редовни гинеколошки прегледи и ПАП-тест, повеќето претканцерогени промени можат многу рано да се откријат и излекуваат, пред да дојде до развој на карцином.
Одделот за гинекологија и акушерство во „Аџибадем Систина“ е пионер во изведување на бројни гинеколошки интервенции со примена на нови хируршки техники, постојано инвестирање во најмодерна технологија за дијагноза и третман и е единствена приватна здравствена институција во Европа, која изведува минимална инвазивна хирургија кај онколошките пациенти со презентирање на своите резултати.
Нашиот искусен тим специјалисти по гинеколошка хирургија ги едуцира пациентите во врска со можностите за третман (хируршки и нехируршки). Со ова на секоја жена ѝ овозможува самата да донесе правилна одлука во врска со нејзиното понатамошно лекување. Во текот на евалуацијата гинеколозите користат ултразвук, со цел да се добие попрецизна информација во врска со одлуката за понатамошно лекување. Кога е потребна хируршка интервенција, нашата цел, пред сѐ, е да ги понудиме сите процедури, со цел да го одбереме најбезбедниот, најефективен и најбезболен третман и токму затоа болницата има креирано и специјални гинеколошки пакети.
Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.