АНДРИАНА: ВО ПРВИТЕ 6 НЕДЕЛИ ИРИНА ЈА ГЛЕДАВМЕ И ДОПИРАВМЕ ПРЕКУ СТАКЛОТО НА ИНКУБАТОРОТ, ДЕНЕС ТАА Е НЕЗАПИРЛИВА

17.11.2022

Ирина е нашиот Nicu-херој оваа година. Се роди на 7.10.2021 година во 29. гестациска недела со тежина од 1 240 грама, 38 сантиметри. Првите шест недели од животот, наместо во прегратките на Андриана и Душан, таа ги поминала во Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина“. Благодарение на беспрекорната грижа и посветеност на целиот тим, таа сега е весело и среќно дете кое ужива во детските палавштини.
 
„Презадоволни сме од грижата за нашето првенче, од д-р Симонида Спасевска и од медицинските сестри од овој оддел, кои се грижеа беспрекорно за нашето малечко. Огромна благодарност и до д-р Гордана Петровска за одлучноста и професионалноста. Ирина дојде на свет многу порано, но донесе вистинска радост за целото семејство. Остануваме верни на најдобрата докторка и најдобрата болница. Благодарни сме за целата поддршка што ја добивме од целиот персонал тука. Не можевме да им најдеме подобра замена, во моментите кога ние бевме далеку од неа. Нам овој ден ни е вистински празник, 17 ноември 2021 година, денот на предвременородените бебиња, кога на Ирина ѝ беше последен ден поминат во Одделот за Nicu. Следното утро таа си замина дома. Мојата препорака за родителите на предвременородени бебиња е никогаш да не се откажуваат, да веруваат во своите мали борци и нивното здравје да го доверат на искусен тим, на кој може да му веруваат. Бидете храбри и трпеливи“ – објасни мама Андриана.

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.