ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СПАСЕН ЖИВОТОТ НА 45 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 СО ЕКМО ТЕХНОЛОГИЈА
05.09.2020
Со примена на ЕКМО технологија во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ е спасен животот на 45 годишен пациент заболен од Ковид-19. Астрит Селимај бил примен во исклучително тешка здравствена состојба со прилично напредната ковид–пневмонија. Поради тоа прво бил ставен на респиратор, а по конзилијарното мислење на тимот доктори од „Аџибадем Систина“ и инфектолог од ГОБ „8-ми септември“, пациентот бил префрлен на ЕКМО апаратот, кој всушност бил пресуден за неговото преживување. Астрит е првиот пациент во Македонија кој е излекуван од Ковид-19 со примена на оваа технологија.
За неговото здравје се погрижи искусен тим доктори од болницата „Аџибадем Систина“ – д-р Митко Караѓозов, шеф на тораковаскуларна хирургија, проф. Д-р Александар Николиќ, шеф на кардиохирургија, кардиохирургот д-р Владимир Емануиловиќ Белостоцки, д-р Димче Славески, шеф на кардиохируршка анестезија, д-р Никола Шиков, шеф на општа – интензивна нега, д-р Хараламбос Сидиропулос, специјалист по инфектологија и д-р Патриција Каламарас, инфектолог од ГОБ „8-ми Септември“.
„За првпат кај пациент со Ковид-19 е применета технологија на ЕКМО која ја поседува Клиничка болница „Аџибадем Систина“. ЕКМО-машината му овозможи на пациентот да преживее, состојбата со белите дробови се подобри, ЕКМО апаратот се исклучи, по што пациентот дишеше на респиратор. Откако и со респиратор состојбата се подобри, параметрите беа во граница на нормала се исклучи и респираторот, пациентот се врати во нормален живот. И еве за среќа, за наша голема радост си оди дома. Горди сме затоа што “Ацибадем Систина“ уште еднаш докажа дека е голема болница со врвна технологија и медицина и дека може да се справи и со најтешките компликации коишто ги предизвикува Ковид-19“, истакна Шефот на тораковаскуларна хирургија во „Аџибадем Систина“, м-р. д-р Митко Караѓозов.
Д-р Димче Славевски шефот на кардиохируршка анестезија вели дека ЕКМО апаратот е последна опција и шанса за живот за критично болните од Ковид-19.
„Кога кај пациентот дури ни респираторот не може веќе да се обезбеди доволна оксигенација на организмот останува само ЕКМО апаратот, кој всушност е замена за белите дробови на организмот. Значи, во фаза кога респираторот веќе не можеше да обезбеди адекватна оксигенација на пациентот, конзилиумот доктори одлучи да му дадеме шанса и да го ставиме на ЕКМО машина, односно на вено-венска екстракорпорална мембранска оксигенација, која ја земнува работата на белите дробови“ изјави д-р Славевски.
Поставувањето на ЕКМО апарат го прави кардиохирушки тим со кардиохирург, анестезиолог, перфузионист и инструментарка. Д-р Белостоцки поставил посебни пласични канали, во десната феморална вена и десната југуларна вена на вратот на пациентот, по што бил приклучен на ЕКМО апаратот и количината на кислород во крвта веднаш се вратила во нормала.
„Според податоците од Регистарот за нега на критично заболени пациенти од Ковид – 19, со поставувањето на ЕКМО машината може да бидат спасени животите на 7 до 10 тешко болни пациенти. Астрит беше примен со изразено напреднат акутен респираторен дистрес синдром, поради што прво е ставен на респиратор, но откако не беше забалежано подобрување на неговата состојба го преклучивме на ЕКМО апаратот, кој беше последна и единствена шанса за неговото преживување. Неговите бели дробови за 7 дена започнаа да финкционираат нормално и по неколку дена кардиохируршкиот тим го исклучи пациентот од ЕКМО апаратот“, вели д-р Белостоцки.
ЕКМО апаратот е нова надеж во третманот на тешко болни пациенти со Ковид-19, вели инфектологот од ГОБ „8-ми Септември“ Патриција Каламарас. Таа смета дека заедно со тимот од „Аџибадем Систина“ постигнале огромен успех во третманот и лекувањето на коронавирусот.
„Клиничката болница „Аџибадем Систина“ болницата е прва на Балканот којашто го примени ЕКМО апаратот за лекување на ковид пациент. Без ЕКМО технологијата, пациентот немаше да преживее. Отсега па натаму сметам дека овој апарат ќе се применува и при лекувањето на други пациенти со тешки компликации. ЕКМО паратот е единствената машина која може да му подари нов живот на пациентот“, вели д-р Каламарас.
По 25 дена борба за живот, 45-годишниот Астрит конечно, со насмевка на лицето, заминува кај своето семејство. Немал претходни заболувања, ситуацијата со коронавирусот му се влошила многу брзо, а докторите од „Аџибадем Систина“ му го спасиле животот
„Дојдов на 10 август со неколку симптоми. Му благодарам на Господ, лекарите и сиот персонал за целосниот третман тука, а посебна благодарност до Д-р. Никола Шиков, кој најмногу се грижеше за мене. Пресреќен сум што се враќам дома кај семејството по 25 дена. Немав други заболувања. Не сум бил болен од ништо друго“, рече 45-годишниот пациент.
Скоро еден месец траеше борбата за живот на Астрит. Благодарение на ЕКМО технологијата и искусните доктори од „Аџибадем Систина“ тој сега е во добра здравствена состојба.
„Ќе му треба период на рехабилитација, но сите анализи покажуваат дека е во добра кондиција, вели Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување“
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди врвна нега за лекување и третман на ковид-пациенти, со максимална безбедност во посебно-изолиран дел во болницата наменет само за третман на позитивни пациенти.
Нашата веб страница користи колачиња. Покрај неопходните, може да користиме колачиња за функционалност, аналитика и маркетинг. Во полето „Поставки“, можете да ги изберете колачињата, а со кликнување на „Прифати“, се согласувате со употреба на сите колачиња.
Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на Вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на интернет-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние може да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.
Колачињата кои ги користи Клиничка Болница Аџибадем Систина не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.
Во поставките за колачиња, можете да ги изберете колачињата.
За повеќе информации во врска со колачињата, погледнете ја нашата Политика за колачиња.
Поставки за колачиња
Неопходни колачиња
Потребни за правилно функционирање на страната и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Може да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи интернет-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.
Аналитички колачиња
Колачиња кои се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со интернет-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.
Колачиња за функционалност
Колачиња кои помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на интернет-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.
Колачиња за рекламирање
Колачиња кои на посетителите обезбедуваат релевантни реклами (пример Facebook). Тие компании може да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат на уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.