Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од квалификувана и посветена медицинска сестра - инструментарка во операциони сали
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Врши подготовка на операционата сала пред тековните хируршки интервенции
- Ги подготвува материјалите и инструментите потребни за интервенцијата
- Асистира на лекарскиот тим за време на интервенцијата
- Води комплетна медицинска документација во оперативниот блок
- Врши контрола на стерилност на инструментите
- Ги пакува, бележи и организира транспорт на материјалите земени за хистопатолошка анализа до хистопатолошка лабораторија
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено минимум средно образование и положен државен испит
- Минимум 2 години работно искуство во работа како медицинска сестра-инструментарка во операциони сали
- Познавање на медицинските апарати во операциона сала (примена, ракување и одржување)
- Високо развиени комуникациски и тимски способности
- Способност за брзо и ефективно работење, особено во стресни ситуации
- Познавање на работа со комјутери
- Високо ниво на доверливост и работна етика
- Внимателност и прецизност при работењето
- Флексибилност
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 (петнаесет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.