Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  {module AcyMailing Module}

Пребарај

{source}

<ins data-revive-zoneid="3" data-revive-id="aab1e163cf5d58ba4ddf49d12cf733c3"></ins><script async src="//ads.acibademsistina.mk/www/delivery/asyncjs.php"></script>

{/source}

{source}
<ins data-revive-zoneid="2" data-revive-id="aab1e163cf5d58ba4ddf49d12cf733c3"></ins>
<script async src="//ads.acibademsistina.mk/www/delivery/asyncjs.php"></script>{/source}

Саркомот е вид карцином на сврзното ткиво. Во рана фаза нa болеста не се манифестира со симптоми. Се јавува како безболна грутка, најчесто на екстремитетите. Како саркомот расте, прави притисок на соседните органи, ткива, нерви мускули и се јавуваат првите знаци како болка и потешкотии при движењето. Меѓутоа, многу други болести ги имаат истите симптоми. Затоа, доколку напипате грутка веднаш јавете се на лекар.

Register to read more...

Овој ПЕТ-центар е единствен во Македонија и во регионот и дава врвна грижа по строги светски стандарди. ПЕТ/КТ е најефикасна техника за снимање која се користи за поставување дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, се проценуваат ефектите од терапијата на канцер, се планираат радиотерапија и хемотерапија кај повеќето карциноми. Пред три години имаше 200 пациенти, сега има 1.000 пациенти.

Register to read more...

Ова е дијагноза од која стравуваат речиси сите жени. Причина за стравот е статистиката која вели дека карциномот на дојка се дијагностицира кај една од осум жени. Како и за секое малигно заболување, така и за карциномот на дојка од особено значење е раното откривање на болеста.

Register to read more...

Според најновите истражувања, неправилната исхрана е одговорна за речиси 1/3 од вкупниот број на малигни заболувања, па затоа вниманието кон овој ризик фактор се наметнува како еден од важните сегменти во третманот на пациентите со канцер

Консумирањето здрави производи пред, за време и по онколошкиот третман ќе ви помогне да се чувствувате подобро и побрзо да закрепнете. Според д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, канцерот е болест на хронично нарушен метаболизам, па самото внесување храна која би можела да влијае на биохемиските процеси во организмот со цел да помогне во спречувањето на канцерогените процеси, да го подигне имунитетот и да го врати метаболизмот на нормално ниво е единствено храна која е имуностимулативна и содржи нутриенси одговорни за борба со малигните клетки.

Register to read more...

Сарком е вид карцином кој се развива во сврзното ткиво, може да го зафати кој било дел од телото, но најчесто се развива длабоко во екстремитетите (раце, нозе). Освен екстремитетите ги зафаќа и: коските, 'рскавицата, мускулите, тетивите, крвните садови, нервите, фиброзното ткиво околу зглобовите. Стотици илјади пациенти и нивните семејства од целиот свет се борат со ова заболување. Д-р Славица Кралева, онколог-радиотерапевт од Центарот за онкологија и радиотерапија при Клиничката болница „Аџибадем Систина”, вели дека има повеќе од 50 видови саркоми, кои главно се поделени на сарком на меките ткива и сарком на коските.

Register to read more...

1. Како пушењето цигари влијае врз организмот?

Цигарите како и загадениот воздух се преполни со хемиски супстанци и освен што предизвикуваат карцином, тие го оштетуваат и одбранбениот систем на белите дробови. Дишните патишта се обложени со мали ситни влакненца кои не штитат од токсини, бактерии и вируси. Чадот од цигарите, како и честичките од загадениот воздух се лепи на влакненцата и не им дозволува да ја вршат својата работа.

Register to read more...

Пациентите, но и членовите на поблиското семејство кои се соочуваат со најстрашната дијагноза на современиот свет, карцином, сигурно сакаат пред почетокот на третманите да дознаат повеќе информации околу видовите лекување, нивните предности, несаканите ефекти и очекуваните резултати. Во продолжение д-р Дева Петрова, онколог радиотерапевт, објаснува кои третмани се на располагање на пациентите.

Register to read more...

Најчестите симптоми на тумори на мозокот, поради кои пациентите се јавуваат на лекар, се главоболки и напади. Но, не треба да паничите или да се сомневате дека имате тумор доколку имате главоболка. Овие симптоми се вообичаени и за други заболувања. Важно е доколку имате постојана главоболка, да се јавите на лекар, за да се утврди причината.

Register to read more...

Дехидрација претставува прекумерно губење телесни течности кое се јавува како резултат на недоволен внес на течности во организмот. Дехидрацијата е особено важно да се превенира кај пациентите со канцер, кои за време на третманот имаат некои од несаканите ефекти, како повраќање, покачена температура, дијареја, кои може за кратко време да доведат до нагло губење течности. Оваа состојба не треба да се занемарува бидејќи може да има животозагрозувачки ефект.

Register to read more...

Поимот метастаза го опишува процесот кога карциномот се шири надвор од местото каде што започнал. Кога карциномот на простата ќе се прошири и низ другите делови од вашето тело, докторите велат дека тој метастазирал. Според теоријата, карциномот на простата може да се прошири во сите делови на телото, но во пракса повеќето случаи на овој карцином даваат метастази во лимфните јазли и коските. Опциите за третман се исти како карцином на простата, освен кога е направена хируршка интервенција за отстранување простата. Метастатскиот карцином на простата претставува најпреданата форма на карцином, може да се третира и контролира, а со тоа да го олесни животот на луѓето. Повеќето мажи со напредната форма на карцином на простата живеат нормален живот со години. Целта на третманот е умешно да се управува со симптомите и да се забави процесот на растење на карциномот.

Register to read more...

Карциномот на дојка е најчестото малигно заболување кај женската популација. Се работи за заболување кое најчесто во раните стадиуми на болеста не дава никакви симптоми. Поради тоа тешко може да се дијагностицира доколку жената не прави редовни самопрегледи на дојките и не се јавува на редовни прегледи со ехо и мамографија. д-р Маја Стојчевка Чапова, специјалист радиолог ве советува како правилно да направите самопреглед на дојките.

Register to read more...