fbpx

За „Аџибадем Систина“, плакета за особен придонес и развој на сестринството

14.05.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби плакета за особен придонес и развој на сестринството на настанот што беше организиран по повод 12 Мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри.

На манифестацијата која ја организираше Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ беа доделени награди и пофалници за најхумани сестри и акушерки. Од „Аџибадем Систина“ посебна пофалница за најхумана сестра доби Ирена Нечовска.

Станува збор за Свечена академија која се организира традиционално по повод овој ден.

Сестра Нечовсска, вели дека ја сака оваа работа, ја исполнува, но вели дека и таа е целосно посветена на грижата за пациентите. Во „Аџибадем Систина“ таа и нејзините колешки имаат простор за постојан професионален развој, па вели дека е престиж да се биде дел од тимот.

Еднаш медицинска сестра, секогаш медицинска сестра” беше слоганот со кој беа поздравени и почесните гости – медицинските сестри кои веќе ги користат своите пензионерски денови.