fbpx

ВРОДЕНА СРЦЕВА МАНА ОТКРИЕНА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: ПО СЕРИОЗНА ОПЕРАЦИЈА, 36-ГОДИШНИКОТ БЕРКАН ПОВТОРНО МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ НА АКТЕРСКАТА КАРИЕРА

27.06.2023

Беркан Ахмет е млад и активен човек. Триесет и шестгодишник е и уметник, продуцент и пеjач, но и актер. Неговата физичка кондиција пред извесно време почнала да се намалува, па Беркан почнал да се чувствува изморен – сè почесто и сè подолго. Тоа било аларм дека нешто не е во ред. Не можел да земе воздух дури пее, почнал да дише потешко и дошол кај професорот д-р Александар Николиќ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. По направено ЕКГ на срцето и ехо, докторот утврдил дека е потребна итна операција. Во болницата е примен со тешка аортна инсуфициенција, а д-р Николиќ утврдил дека Беркан Ахмет, всушност, има вродена срцева мана која досега во целиот негов досегашен живот не била дијагностицирана. Сега откако интервенцијата е завршена, тој нема никаков проблем. Се чувствува добро и може нормално да ги извршува сите свои активности.

stroija nikolik

Првичен замор и тежок здив

Беркан сведочи дека наеднаш почнал да чувствува замор, иако секогаш имал активен ден.

„Почнав  да чувствувам замор, јас сум многу активен во текот на денот, снимање филм,  театарска претстава… Подоцна видов и дека не можам да се движам така како што сум одел порано, не можев да одам по скали, немав енергија како порано. Се сеќавам, последниот пат додека пеев, забележав дека тоа не можам да го правам затоа што губев здив и одлучив да се обратам на лекар. По извршените прегледи, д-р Николиќ ми рече дека е потребно да се направи операција. Професорот беше многу јасен и ми укажа на проблемот. Му благодарам многу за посветеноста“, сведочи Беркан, сеќавајќи се на почетокот на проблемот.

Тој допрва ќе стане дипломиран актер и желбата му е да се вработи во театар, иако веќе глуми. Кога се појавил проблемот, се прашувал дали некогаш ќе може да се посвети на оваа кариера. За среќа, сè добро се заврши. Проблемот со срцето, всушност, го имал од мал, но со текот на годините станувал поголем, па дури и опасен за неговата општа ситуација.

„Кога бев на ехо, не знаев како да реагирам, но кога дознав каде ќе се оперирам, се охрабрив дека сум во вистински раце. Ова ќе го паметам цел живот и знам дека го правам најдоброто за моето здравје. Условите во болницата се одлични, целиот тим што работи тука е најпрофесионален. Не можам да верувам дека сè функционира вака организирано“, вели Беркан.

Вродена мана

Секако тој може и понатаму да продолжи со сите свои вообичаени активности. Може и да трча или да врши некои други спортски активности. Проф. д-р Николиќ вели дека Беркан имал проблем со залистокот кој морало да биде заменет. Станува збор за вродена мана поради која наместо три листа, на залистокот имало два.

„Моравме да направиме промена. Тој е активен човек, мора да функционира нормално. Тој залисток на почетокот функционирал, но со текот на времето, со растот, срцето не можело да функционира согласно со напорот и активностите што ги имал. Мораше да се направи операција. Оваа срцева мана е резултат на генетски фактори. Тоа требало да се открие во детска возраст, но пациентот сепак не знаел за овој проблем“, објасни д-р Николиќ.

Интервенцијата траела пет часа. Станува збор за сериозна операција.

„Сепак, важно е што ние имаме направено многу вакви интервенции. По еден месец, пациентот е во нормална состојба и може да се врати на старите обврски. Пациентот треба да биде внимателен. Да се храни правилно, да има редовен сон и физички да биде активен“, вели д-р Николиќ.