fbpx

ВРАБОТЕНИТЕ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДАРУВАА 172 ЕДИНИЦИ КРВ

17.02.2022

Во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно се реализираa уште две крводарителски акции, во кои беа донирани 172 единици крв. Акциите се спроведоа во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина. Со дарувањето крв вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост, дарежливост и солидарност. Двете крводарителски акции се спроведоа почитувајќи ги сите протоколи и безбедносни мерки за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот. Крводарителите беа поделени во повеќе групи со цел одржување физичко растојание и задолжително носеа лична заштита.