fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ УСПЕШНО ОПЕРИРАН РАКОМЕТАРОТ НА „ВЕСПРЕМ“ МАРК ДАНИЕЛ БОДОР

05.06.2021

Врвниот ракометар на унгарскиот клуб „Веспрем“, Марк Даниел Бодор успешно е опериран на  коленото во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 21-годишниот ракометар  имаше сериозна повреда на коленото и неколку месеци се соочуваше со сериозни болки и отоци во коленото. Интервенцијата ја изведе доктор Михајло Ивановски трауматолог, заедно со хируршкиот тим на болницата.

Младиот ракометар пред осум месеци во Унгарија исто така имал операција на коленото, но проблемот со ногата не бил решен. Во „Аџибадем Систина“ доаѓа по препорака на неговиот стручен штаб  и медицинскиот тим на клубот. Вели дека се чувствува многу добро и очекува набрзо да се врати на терените и повторно да игра.

n
 

„Сега се чувстувам многу добро, интервенцијата помина одлично, се надевам дека ќе бидам во можност да бидам подготвен за следната сезона. Треба да одморам сега две недели. Имав проблеми со ногата. Морав да ја решам оваа повреда. Ова е прва интервенција што ја направив во оваа болница. Морам да кажам дека  тука сè е професионално, не можам за ништо да се пожалам. Знам дека д-р Ивановски е одличен доктор и дека ова го направи најдобро“, вели  ракометарот Марк Даниел Бодор.

Според д-р Ивановски, Бодор ќе може повторно да игра во добра форма. Потребни се неколку месеци за да  се вратат сите движења на ногата.

„Направена е реартроскопија. Интервенцијата помина добро, ракометарот имаше проблем што бараше хируршка интервенција..  Со месеци се соочувал со болки во коленото и отоци. Одлуката на медицинскиот тим на  ракометниот клуб ‘Веспрем’ да го прати нивниот ракометар  да се оперира во ‘Аџибадем Систина’ е потврда за нашата стручност и професионалност“, вели д-р Ивановски.

Ова не е прв случај врвни спортисти, иако професионално играат во други држави, спортските повреди за кои е потребна хируршка интервенција да ги извршуваат во нашата болница. Бодор  во Вестпрем игра заедно  со  ракометарите  Рожерио Мораеш , Данил  Шишкарев и  Вуко Борозан . Тројацата ракометари претхохно имаа успешни  интервенци во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.