fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОДРЖАН СТРУЧЕН СОСТАНОК НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

11.06.2024

На 7 јуни во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок во организација на Македонското здружение за интервентна радиологија – МЗИР. Преку свои стручни излагања и прикази на случаи беа презентирани најновите сознанија во развојот на интервентната радиологија и онкологија од страна на еминентни радиолози од државните и приватните клиники во земјава, а настанот го следеа повеќе од 30 доктори.

radiolozi

Како предавачи од клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа доц. д-р Александар Ѓорески, интервентен радиолог, шеф на Одделот за онкологија, радиологија и нуклеарна медицина и претседател на Македонската асоцијација на радиолози, проф. д-р Зоран Трајковски, специјалист по радиологија, доц. д-р Менка Лазареска, супспецијалист по неврорадиологија и д-р Дејан Танески, специјализант по радиологија. Меѓу поатрактивните теми кои предизвикаа голем интерес од присутните на стручниот состанок беа: третманот на болка, криоаблација на тумори, емболизација на простата, како и други васкуларни и невроваскуларни интервенции и сл.

radiolozi

Учеството на голем број медицински претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во презентирање на нови научни сознанија е уште еден доказ за заложбата на болницата за воведување на нови современи методи во третманот на пациентите, како и во едукација и споделување на нови искуства.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е во моментот водечки центар за интервентна радиологија и онкологија во државата и регионот и во блиска иднина се планираат уште неколку настани и едукативни тренинзи за млади лекари од оваа област.