fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НОВ СЕРОЛОШКИ ТЕСТ СО КОЈ СЕ УТВРДУВА ВКУПНА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА АНТИТЕЛА НА КОВИД-19

17.10.2020

seroloski test Acibademsistina

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведe нов серолошки тест за утврдување на вкупната концентрација на IgM и IgG антитела во крвта. Тестирањето се врши преку примерок од венска крв, трае не повеќе од 5 минути, а резултатите се добиваат за еден час.

Тестот се изведува на реномиран имунолошки анализатор на SIEMENS.

Станува збор за ултра сензитивен тест, по цена од 1200 денари, со кој јасно може да се утврди точниот имунолошки статус кај пациентите кои веќе прележале Ковид-19. Одредувањето на вкупната концентрацијата на имуноглобулини lgM и IgG е од исклучителна важност при одредување на третманот на секој ковид-позитивен пациент индивидуално. Овој серолошки тест го олеснува мониторирањето кај пациентот преку следење на концентрација на антителата, кои, пак понатаму го одредуваат текот на третирање на пациентот. Во Инфективниот оддел во болницата за хоспиталните пациенти на Ковид 19 се применуваат и дополнителни дијагностички маркери кои го олеснуваат следењето на здравствената состојба на пациентот во текот на терапијата.