fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НОВ АНТИГЕНСКИ ТЕСТ КОЈ БРГУ ДЕТЕКТИРА ШЕСТ ВИДА ПРИЧИНИТЕЛИ НА РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

16.01.2023

Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ од понеделник ќе биде достапен нов тип тест за детекција на сезонски респираторни инфекции. Во услови на зголемена појава на инфективни заболувања, особено кај детската популација, со овој антиген тест, чии резултати се добиваат за најмногу половина час, на пациентите ќе им биде овозможена брза и точна детекција на инфекцијата, а со тоа и навремено и ефикасно лекување.

Станува збор за мултиплекс антиген респираторен панел/ковид-19 тест кој може истовремено да детектира шест причинители на респираторни инфекции, односно: инфлуенца А, инфлуенца Б, аденовирус, RSV (Respiratory Syncytial Virus), mycoplasma pneumonia и ковид-19 антиген.

Тестот се прави по земен назофарингеален брис (од нос и грло) и ќе биде достапен за сите амбулантски или хоспитализирани пациенти во болницата. За амбулантските пациенти тестот ќе биде достапен за изведба во амбулантите од Инфективното одделение, влез Ц, секој ден од 8 до 17 часот. За сите ургентни состојби и потреби, овој антигенски тест, исто така, е достапен за изведба и на двата ургентни центри (за деца и за возрасни) во секое време.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“, како водечка приватна здравствена установа во земјата, континуирано вложува во најмодерна опрема и медицински реагенси, како и друг потрошен материјал, со кои дијагностиката на болницата е на ниво на европските развиени болници.

Новиот антигенски тест ќе чини 1.300 денари.

AS MultiplexAntigen x FB