fbpx

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НАЈБРЗИ РЕЗУЛТАТИ ЗА КОВИД-19

30.07.2020

FB Post Laboratorii Edinstvena LaboratorijaArtboard

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената болница во земјава која нуди експресни резултати од тестовите за детекција на Sars-CoV-2 вирусот – истиот ден или само неколку часа по тестирањето.

Во најсовремена лабораторија која работи според светски признaени стандарди со сите безбедносни протоколи, резултатите од брзиот молекуларен PCR тест се изработуваат за два часа. Станува збор за  молекуларен PCR тест со највисока сензитивност, за брза детекција на специфичниот таргет-ген на коронавирусот и чини 12000 денари. Итниот PCR тест е наменет и за пациенти на кои им е потребна итна хоспитализација.

Исто така, во „Аџибадем Систина“ се изведува и стандарден PCR молекуларен по цена од 3950 денари доколку резултатот биде издаден за 24 часа, или 6000 денари доколку резултатот биде издаден истиот ден.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е и единствената болница во Македонија во која се прават три вида тестови за Ковид-19. Освен двата типа PCR молекуларни тестови, во „Аџибадем Систина“ се прават и брзи серолошки тестови по цена од 1200 денари кои го утврдуваат присуството на антителата IgG I IgM кои во телото се создаваат по контакт со вирусот. Со цел тестирањето да биде што подостапно до сите граѓани, „Аџибадем Систина“ нуди и можност за организирано тестирање надвор од болницата на територијата на цела Македонија, со мобилна екипа, а по претходно барање од институции и организации.

Одделот за дијагностички лаборатории при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е акредитриан согласно ISO:15189 стандардот и стои зад точноста на секој издаден резултат. Овој стандард гарантира континуирана контрола на квалитет во медицинските лаборатории. Акредитацијата е доказ дека резултатите и наодите издадени од нашите лаборатории се изработуваат според меѓународно признат стандард и ги исполнуваат највисоките критериуми за квалитет.