fbpx

Во „Аџибадем Систина“ дијагноза и третман на срцева мана уште пред раѓањето на детето

22.01.2020

Мултидисциплинарниот пристап во лекувањето на деца со срцеви мани кој почна да функционира во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со основањето на Одделот за детска кардиохирургија значи дека експерти од сите области во болницата ги третираат децата со вакви мани во сите фази од лекувањето, односно од дијагноза сè до финалниот третман. Во моментов на одделот се следи новороденче со тешка срцева мана која била дијагностицирана уште во бременоста. Со ова „Аџибадем Систина“ повторно се издвојува како најдобра болница во земјава и во регионот. Пренаталната дијагноза значи постојано следење на маната кај бебето и можност за ефикасно лекување на децата. Ова е исклучително значајно за овие пациенти, а овој пристап во третманот практично е чекор напред во интегралната здравствена грижа на децата и реткост и за болниците во регионот.

Д-р Владимир Чадиковски вели дека откако ќе наполни неколку месеци кај ова бебе ќе биде извршена и интервенцијата.

„Родителите беа советувани за ризиците и за резултатите, па по породувањето направивме соодветни испитувања да се потврди дијагнозата и да се донесе одлука за понатамошниот третман. Детето во моментот е на домашно лекување и правиме контроли секој месец, додека не наполни од четири до шест месеци, кога ќе извршиме оперативен зафат и комплетна корекција на срцевата мана. Ако помине сè во најдобар ред, ќе имаме дете со нормален квалитет на живот“, вели д-р Чадиковски.

AcibademSistina DetskaKardioHirurgija

Д-р Душко Фидановски, педијатар, вели дека комплетната грижа на децата е и една од визиите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Почнувањето со работа на Одделот за детска кардиохирургија за Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ значи дека отсега новороденчињата и децата кои имаат вродени срцеви мани или други заболувања, а кои имаат потреба од кардиохируршки третман ќе можат на едно место да бидат комплетно дијагностички прегледани, но и да добијат терапија, без разлика дали се работи за интервентни кардиолошки или кардиохируршки процедури. Интегралното згрижување на кардиолошките проблеми, од прецизна дијагноза (пренатална и/или постнатална) до конечен третман, вклучително и постхируршко интензивно лекување претставува врвно ниво на здравствена грижа, која е реткост и за болниците од регионот“, вели д-р Фидановски.