fbpx

Thin prep-најефикасен ПАП тест за скрининг на грлото на матка

27.01.2016

Thin prep-најефикасен ПАП тест за скрининг на грлото на матка

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започна со примена на најсовремениот ПАП тест за скрининг на карцином на грлото на матката-Thin Prep. Овој тест во споредба со конвенционал- ниот, претставува поефикасен и попрецизен скрининг тест. Начинот на земање на примерок е ист како и кај конвенционалниот ПАП тест, но, наместо директна размаска на стакленце со кое се пренесуваат само 20 % од клетките, со Thin prep во течноста се пренесуваат 100 % од клет- ките. Процесот на подготовка на примерокот од клетките е автоматизиран, при што се елиминира вишокот од крв и од слуз со што се подобрува дијагностиката. Со ова е овозможено поефикасно откривање на преканцерогени и канцерогени промени на грлото на матката. Предноста на Thin prep е што овозможува детекција на високоризичните типови на ХПВ од еднаш земениот приmерок, со што нема потреба од земање на допол- нителен брис. Исто така, дирекно од примерокот може да се дијагностицираат и инфламаторни заболувања како хламидија и гонореа.