fbpx

Светска недела на доење (1-7 август)

04.08.2015

Светска недела на доење (1-7 август)

AcibademSistina-PressDoenjeCityMall1-1Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како активен промотор и поддржувач на доењето учествуваше на денешната прес конференција по повод Светската недела на доењето (1 -7 август).

Д-р Душко Фидановски, шеф на Педијатрија во „Аџибадем Систина“ ги истакна заложбите на Клиничката болница во промоција и поддршка на мајчиното млеко.
„Секој вработен е максимално посветен кон заштита, промоција и поддршка на доењето. Тимот од Одделот за неонатологија поминува еден интегриран систем на едукација, со цел на наједноставен начин да умее и знае како да и ги пренесе предностите и значењето на мајчиното млеко на секоја од родилките. Сета наша посветеност е и официјално признаена и на тој начин со гордост го носиме Сертификатот на УНИЦЕФ „Baby friendly Hospital – болница пријател на бебињата. Од оваа година го започнавме и концептот Acibadem Sistina BABY кој нуди низа бенефиции за бремените жени, родилките и новороденчињата. Во рамки на тој концепт секоја среда организираме бесплатни предавања за бремени жени на кои неонатолозите ги едуцираат бремените жени за предностите на мајчиното млеко и даваат корисни совети за правилно и успешно доење. Подготвивме и веб сајт www.acibademsistinababy.mk на кои меѓу другите теми, подготвивме и текстови на тема доење.„ вели д-р Фидановски.

Едукативни предавања и работилници

Во рамките на одбележувањето на Светската недела на доење во Скопје Сити Мол ќе се одржат серија едукативни предавања и интерактивни работилници не само во врска со здравствените и медицинските аспекти на доењето но и пошироко, психолошките и емотивни аспекти и продолжувањето на дијадата мајка бебе, совети од нутриционист како и работилници со искусни медицински сестри за совладување на техниките и сите проблеми кои може да се појават за време на доењето. Д-р Симонида Спасевска, педијатар, неонатолог од Аџибадем Систина во петок (7 август) во 18:00 часот ќе одржи предавање на тема „Предности на мајчиното млеко за здравјето на мајката и бебето“, а истиот ден со почеток во 19:30 ќе се одржи и работилница со вежби за совладување на техниките на доење од страна на мед. сестри од Одделот за неонатологија во „Аџибадем Систина“.
Настанот кој ќе ја одбележи Светската недела на доењето во Р Македонија е во организација на невладината организација „Матрона“ и сите релевантни здравствени институции и здруженија кои имаат за цел промоција и поддршка на доењето.

[widgetkit id=49]