fbpx

Стручен состанок за кардиохирургија

12.11.2014

Стручен состанок за кардиохирургија

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организира Стручен состанок на тема „Достигнувања во современата кардиохирургија“. Состанокот ќе се одржи денеска (12.11.2014) во Штип со почеток во 14 часот. Предавачи од  „Аџибадем Систина“ ќе бидат проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург и д-р.Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог. Најновите достигнувања во кардиохирургијата ќе бидат презентирани пред докторите од Источна Македонија.

Ова е првиот од неколкуте стручни состаноци на тема кардиохирургија кои се дел од Регионалната конференција за кардиохирургија организирана од страна на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Следниот стручен состанок ќе се одржи на 03.12.2014 во Маврово. Состанокот е акредитиран од Лекарска комора на Р Македонија.