fbpx

Розов караван – Скопје

28.11.2014

Розов караван – Скопје

Стручните предавања на караванот посветен во борбата со малигните заболувања продолжија во Скопје. Присутните граѓани имаа можност да ги научат техниките на самопрегледување на дојките, а се информираа и за најновите достигнувања во дијагнозата и начинот на третман на овие заболувања. Посебен акцент беше ставен на превенцијата на малигните заболувања и ризик факторите кои се главните причинители за се почеста појава на овие болести.

Розовиот караван во Скопје беше посветен на малигните заболувања кај женската и машката популација. Др. Даниел Петровски, хирург уролог предаваше за основните прегледи кој треба да ги направи секој современ маж. Можностите за дијагноза и нивните специфики ги објасни др. Маја Чапова Стојчевска, радиолог со долгогодишно искуство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Претставникот од Одделот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“, др. Дева Петрова, нагласи дека успешноста на третманот зависи од стадиумот во кој е откриен болеста, и уште еднаш упати апел граѓаните редовно да прават прегледи.

[widgetkit id=22]