fbpx

„Розовиот карaван“ во Прилеп

25.11.2014

„Розовиот карaван“ во Прилеп

Граѓаните на Прилеп имаа можност да бидат дел од стручните предавања кои се спроведуваат во рамките на „Розовиот караван 2014“  во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден“. Најновите достигнувања во дијагнозата и третманот (хируршки и онколошки) на карциномот на дојка пред присутните ги презентираа Др. Драган Смилевски, торакален хирург и Др. Славица Кралева, онколог – радиотерапевт од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. По стручните предавања, сите заинтересирани имаа можност да се консултираат со докторите, да разменат свои искуства, како и да добијат одговори на своите прашања.

Ова е четвртото предавање кое се одржува во рамките на едукативниот караван. Предавањата имаат за цел подигнување на свеста кај граѓаните за превенција и рано откривање на карциномот на дојка, со цел да се добијат успешни резултати во третманот. 

[widgetkit id=21]