fbpx

Четириесет дечиња добија дипломи за успешен пливач

12.07.2016

Четириесет дечиња добија дипломи за успешен пливач

Со доделувањето на дипломите заврши и последниот час од летната школа за пливањe во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и проф. Наташа Мешковска. Во периодот од 20. јуни до 10. јули дечињата имаа можност да се запознаат и да совладаат низа пливачки техники. Научија како да се одржуваат во вода, како правилно да дишат но најважно од сè се дружеа и уживаа во топлите летни денови.

Професор Наташа Мешковска и тренерите од пливачкиот клуб „Аква про“ се поздравија со децата и им ги дадоа заслужените дипломи за успешно завршен курс по пливање. Ги охрабрија да продолжат со пливањето, бидејќи е спорт кој треба да го практикува секое дете.

Бесплатната летна школа опфати 10 часови по пливање во базенот Карпош, при Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Благодарение на ваквата заедничка акција, 40 дечиња на возраст од 6 до 12 години имаа можност да научат да пливаат и да се рекреираат. Им благодариме на сите учесници и на нивните родители за иницијативата нивните деца да спортуваат од најмали нозе.

[widgetkit id=66]