fbpx

Одржан симпозиум на тема „Напреден пристап во третман на спинална патологија“

20.12.2014

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одржa симпозиум на тема „Напреден пристап во третман на спинална патологија“.

Предавачи на симпозиумот беа врвните специјалисти од Спиналниот центар на „Аџибадем Систина“. Мултидисциплинарниот пристап на работа беше претставен преку бројните стручни презентации кои ја опфатија целокупната спинална патологија. Посебен акцент беше ставен на дијагностицирањето, како и различните пристапи на третман кај одредени заболувања на `рбетот и `рбетниот мозок.

Специјален гостин предавач беше проф. д-р. Ахмет Аланај, специјалист по ортопедија и трауматологија од Здравствената групација „Аџибадем“ кој ги презентираше најновите достигнувања во спиналната хирургија во детска возраст.

Предавањата ги следеа над 150 доктори од земјава и регионот кои активно беа вклучени со свои прашања, ставови и мислења. Симпозиумот е акредитиран од Лекарска комора на Р Македонија.

www.spine.mk

 

[widgetkit id=26]