fbpx

Нова насмевка и здрави заби за малиот Благојче

22.08.2014

Нова насмевка и здрави заби за малиот Благојче


Благоја Атанасов, малиот херој со Даунов синдром, досега никогаш не бил на стоматолог. Има 10 години и многу често се жалел на болки што ги предизвикувале болните заби, воспаленијата на непцата, отоците и кариесот. Поради сериозноста на неговата болест, Даунов синдром, никој од докторите досега не се решил да ги поправи и извади неговите заби. Поради честите болки кои ги создавале расипаните заби Благоја не бил во можност да јаде.

Тимот стоматолози предводени од д-р Миле Марин минатата недела му пломбираа три трајни запчиња и ги извадија млечните заби кои досега му правеа проблеми при јадењето поради честите болки. Бидејќи станува збор за дете кое има пречки во развојот и многу тешко соработува со стоматолог, интервенцијата се изведе во целосна анестезија. Пред да се изврши интервенцијата малиот Благоја го прегледаа тимот од кардиолози и анестезиолози, кои установија дека детето е во добра здравствена состојба и може да се изврши интервенција во целосна анестезија.

На првата контрола беше утврдено дека забите се во добра состојба, тој се чувствува одлично и може без проблем да јаде. Токму на денот на контролата Благоја наполни 10 години, па својот роденден го прослави заедно со вработените од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Малиот храбар херој доби роденденска торта, многу подароци и диплома за храброст.

 

Благојче,

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ти посакува добро здравје, безгрижно детство и многу насмевки! 

 

 

[widgetkit id=8]