fbpx

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби Награда за општествена одговорност

30.11.2014

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби Награда за општествена одговорност

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби награда за Севкупна посветеност кон општетствената одговорност. Ова признание е дел од годинешното доделување награди за Филантропија и општествена одговорност за 2013 година во организација на Центарот за институционален развоја – ЦИРа. 

Кампањата „Слушни го ритамот на срцето“ каде бесплатно беа прегледани 12.000 граѓани, иницијативата за поддршка на спортските репрезентации, тимови и поединци, како и континуираното вложување во едукација и усовршување на персоналот се само дел од проектите кои покажаа дека „Аџибадем Систина“ се грижи за унапредувањето на општетството во голем број сегменти.

Општествената одговорност е важен дел од нашата корпоративна стратегија и ние со задоволство ја развиваме преку низа проекти. Ваквите награди и признанија се мотив повеќе да продолжиме активно да се вклучуваме во хуманитарни активности и да бидеме иницијатори на уште голем број проекти кои го поттикнуваат развојот на заедницата во која делуваме.

[widgetkit id=23]