fbpx

Лејла е најубавиот новогодишен подарок

02.01.2015

Лејла е најубавиот новогодишен подарок

Acibadem Sistina BabyСе радуваме за секоја нова приказна која започнува кај нас… Во првите денови од годината, со вас ја споделуваме приказната на семејството Сазоглу кои неколку дена пред новата година го добија најубавиот подарок, нивната принцеза Лејла.

Лејла Билге (Lely Bilge) тешка 3 килограми и 920 грама, долгa 52 см, е прва радост на мама и тато. На свет дојде со царски рез, а породувањето беше предводено од д-р Никола Панчевски. Среќните родители, Туркер и Дафне, се од Турција, но поради професионални обврски престојуваат во Македонија.

Им благодариме што нивната радост ја споделија со нас. Тимот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на малата Лејла и посакува здраво и безгрижно детство.

 

Концепт Acibadem Sistina Baby

 

Со оваа приказна го започнуваме нашиот нов концепт „Acibadem Sistina BABY“. Овој концепт опфаќа низа бенефиции и предности со кои на сите наши пациентки им овозможуваме да се чувствувате сигурно и посебно во нашата болница.

Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ се посебни бидејќи зад нив стои целокупниот професионален тим кој им овозможува безгрижно детство. Кон нив ја насочуваме целата наша љубов и посветеност и со задоволство го следиме нивниот развој низ годините.

Како бренд чии почетоци се темелат на грижата за репродуктивното здравје на жените чувствуваме потреба да бидеме заедно со вас во реализирањето на еден од најважните циклуси од вашиот живот. На овој начин сакаме да ви покажеме дека вашето здравје и среќа за нас се најважен доказ дека се движиме во вистинската насока.

[widgetkit id=28]