fbpx

Бесплатни вежби и техники за дишење за пациенти со ХОББ и астма

11.11.2014

Бесплатни вежби и техники за дишење за пациенти со ХОББ и астма

По повод светскиот ден на ХОББ – 15.11.2014 (сабота), Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организира бесплатни вежби, техники за дишење и релаксација за пациентите со ХОББ и астма кои ќе им помогнат за подобрување на здравствената состојба. Присутните ќе добијат и стручни совети за заболувањата, како и за начините за справување со состојбите предизвикани од ХОББ и астма од страна на др. Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Техниките за дишење ќе ги презентира наставник по јога, Марија Сиљаноска Михајлоска.

Вежбите ќе се одржат во амфитеатарот на „Аџибадем Систина“ со почеток во 11 часот. За да бидете дел од вежбата ве молиме пријавете се во нашиот контакт центар 02/ 30 99 500.