fbpx

„Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ ја купија болницата „Токуда“

21.04.2016

„Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ ја купија болницата „Токуда“

 Аџибадем и Орка Холдинг ја купија ТокудаКомпанијата “Орка Холдинг“, преку Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со турскиот здравствен гигант „Аџибадем“ денеска потпиша договор за купување на најголемата приватна здравствена установа во Р.Бугарија, јапонската болница „Токуда“, заедно со нејзините подружници („Токуда Груп“). Двата партнери потпишаа и договор за спојување со „Сити Клиник“, вториот здравствен оператор во Р. Бугарија, со три болници и три амбулантски центри.

Преку трансакцијата „Токуда“, компаниите ги преземаа 100 отсто од акциите  на „Токуда Груп“, додека трансакцијата „Сити Клиник“ е комбинација од преземање на речиси една третина од уделитена постојните акционери, и промена на акциите на оперативите партнери во новиот комбиниран ентитет. По трансакцијата, 76.5 отсто од акциите на новоформираниот холдинг (SPV) припаѓаат на „Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ (преку „Аџибадем Систина“), а 23.5 отсто на акционерите на „Сити Клиник“.  

Вредноста на трансакцијата и на новонастанатата компанија е 125 милиони евра. 

„Сити Клиник“, основана во 2010 година, е еден од водечките висококвалитетни даватели на интегрирани здравствени услуги во Бугарија, која делува во Софија, Варна и Бургас. Раководи со три болници и три амбулантски центри, меѓу кои единствената болница во Бугарија со акредитација од страна на Меѓународната Комисија за Акредитација (JCI). По отворањето на новиот канцер центар, „Сити Клиник“ доминира на пазарот за кардиоваскуларна нега и нега за канцер во земјата. Софиската болница на „Сити Клиник“ е универзитетска клиника на две од водечките медицински училишта во земјата, каде се комбинираат висококвалитетните клинички услуги, образование и истражување.

Клиничката болница „Токуда“ со локација во Софија, се простира на 27.600 квадратни метри и 52.000 квадратни метри изградена површина. Болницата нуди 550 легла, 37 клиники, три хируршки одделенија и 22 операциони сали. Од нејзиното отворање во 2006 година, Болницата брои 386.000 пациенти и извршува повеќе од 13.000 операции на годишно ниво.

„Токуда Груп“ е најголемиот приватен болнички оператор во Бугарија, вклучувајќи општа болница со 550 легла, амбулантски медицински центар, клинички истражувачки центар, аптека и дом за стари лица, сите лоцирани на една локација во Софија. Болницата е отворена во 2006 година како прва приватна болница во Бугарија во сопственост на странски инвеститор со 100% јапонски капитал. Современиот објект од 52.000 квадратни метри се наоѓа во јужниот дел на Софиската област Лозенец. Болницата „Токуда“ функционира како мултидисциплинарен сервис со речиси сите медицински дисциплини. Таа има над 30 медицински оддели и 22 операциони сали.

„Со постојана заложба за квалитетно и модерно здравство ги подигнавме стандардите за здравствена грижа во Македонија. Следејќи ги светските достигнувања и трендови во обезбедување на најсовремена грижа за пациентите, ќе продолжиме да бидеме синоним за најдобра клиничка болница во Македонија, а од денес без сомнение, ќе се залагаме за постигнување на тие достигнувања и во Р. Бугарија“, – изјави генералниот директор на „Орка Холдинг“, господинот Јордан Камчев. Тој исто така најави дека во стратегијата на „Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ во рок од две години се планира отворање на четири болници во земјите на Балканот.

Двете трансакции ќе доведат до создавање на најголемиот приватен провајдер на здравствена заштита во Бугарија и една од водечките здравствени институции во Централна и Источна Европа. Тоа ќе ги зајакне глобалниот бренд на „Аџибадем“, клиничката и оперативна совршеност и know-how, позициите на пазарот на „Токуда и „Сити Клиник“, високо-квалитетните услуги и угледот. Оваа комбинирана, интегрирана здравствена групација ќе работи под името „Аџибадем Сити Клиник“,  со г-дин Мехмет Али Ајдинлар на позицијата претседател на УО и Илиан Григоров како Главен извршен директор.

Г-дин Мехмет Али Ајдинлар, претседател и главен извршен директор на „Аџибадем“, изјави – „Трансакцијата е во согласност со Стратегијата на Аџибадем за фокусирање на клучните брзорастечки економии во Централна и Источна Европа и Балканскиот регион. Аџибадем ја согледа потребата за квалификувани и висок-технолошки здравствени услуги во Бугарија и за таа цел ја реализира оваа важна трансакција. Со оглед на глобално-признатиот бренд Аџибадем, добро дизајнираните клинички процеси, софистицираното управување и оперативните пристапи, преку овие 4 болници, Бугарија ќе биде земја која ќе овозможува првокласни и светски здравствени услуги, со што ќе стане центар на внимание во регионот. “

Г-дин Артур Штерн, претставник на „Токушукаи Медикал Груп“, изјави –  „Д-р Токуда е исклучително горд на лидерската позиција на болницата „Токуда Софија“ од нејзиното отворање пред речиси 10 години до денес. Сукцесијата на „Аџибадем“ преку своето докажано искуство, ќе и обезбеди на оваа болница можност да продолжи со водечката улога насочена кон обезбедување на највисоките меѓународни стандарди на грижата за пациентот.“

Г-дин Илиан Григоров, Главен извршен директор на „Сити Клиник“, изјави – „Оваа трансакција е признание за огромните напори на лекарите, медицинските сестри, здравствените работници и останатиот персонал од „Сити Клиник“ кои напорно работеа и ќе продолжат во најдобриот интерес на пациентите во Бугарија. Ние ќе продолжиме да овозможуваме највисоки стандарди на квалитет на здравствени услуги преку значајни синергии и поддршката од  групацијата Аџибадем.

Трансакцијата на глобално ниво ги зголемува леглата на „Аџибадем“ на повеќе од 3.500 во 22 болници во 3 земји. Во очекување на потребните одобренија и задоволување на одредени услови, договорот се очекува да се затвори во рок од 3 месеци. „Deloitte“ имаше улога на финансиски и даночен советник на Аџибадем и Орка Холдинг за трансакцијата. Правниот советник на Аџибадем и Орка Холдинг, кој ја водеше трансакцијата е „Esin Attorney Partnership“, членка компанија на „Baker & McKenzie InternationalSwiss Verein и локален правен советник е Djingov Gouginski Kyutchukov Velichkov (DGKV). Ernst & Young дејствуваа како финансиски и даночни советници на „Токуда Груп“ и нејзините акционери. Правни советници на „Токуда Груп“ за преземањето се канцеларијата за правни работи Braykov и Patton Boggs (Велика Британија) LLP. Dentons и DGKV исто така делуваа како правни советници на „Сити Клиник Груп“ и нејзините акционери.

 

Аџибадем и Орка Холдинг ја купија Токуда

За Аџибадем Хелткеар Груп

Аџибадем Sağlık Hizmetleri ve Ticaret A.Ş. (https://www.acibadem.com/en/) е водечка приватен провајдер за дијагностика и лекување во Турција од 1991 година. Аџибадем има 18 болници општи болници (1 во Македонија), договорот за управување со 1 болница во Ирак, 13 амбуланти и услужни компании за поддршка, и тим од повеќе од 18.000 вработени и 3.100 лекари.

Конзистентниот раст од самото основање го направи Аџибадем најпознат и најзначаен бренд во здравството во Турција, како и меѓународно познато и признато име. Во 2012 година, Аџибадем стана дел од една поголема глобална мрежа позната како IHH Healthcare Behard.

IHH (https://www.ihhhealthcare.com/about-overview.php) води интегриран бизнис за здравствена заштита и поврзани услуги, и има водечка позиција на своите домашни пазари во Сингапур, Малезија и Турција, како и инвестиции во Народна Република Кина (со исклучок на Хонг Конг, Макао и Тајван), Индија, Хонг Конг, Виетнам, Македонија (преку Аџибадем), Брунеи и Обединетите Арапски Емирати. IHHHealthcare Berhad е на листата главни пазари наберзата Bursa Malaysia Securities Berhad (“Bursa Securities”), како и на берзата Singapore Exchange Securities Trading Limited (“SGX-ST”), и е втор по големина здравствен оператор во светот според пазарната капитализација.

Аџибадем и Орка Холдинг ја купија Токуда

За Аџибадем Систина

Успехот на Аџибадем Систина (https://acibademsistina.mk/mk) во здравствениот сектор се должи на мисијата да се создаде приватен здравствен систем по теркот на најразвиените земји во светот што би ја позиционирало нашата држава како дестинација со беспрекорни клинички услуги. Импозантниот број од 254.000 регистрирани пациенти за изминатите шест години, и континуираниот успех во лекувањето на пациентите во клиничката болница Аџибадем Систина, се најголема потврда дека компанијата ги достигнала водечките стандарди на работење во областа на здравството и здравствената грижа.

Како потврда за имплементација на највисоки стандарди во глобалното здравство, базирани на најстроги критериуми во извршувањето на здравствената нега, единствена во Македонија, кон крајот на месец април клиничката болница Аџибадем Систина се очекува да добие акредитација од страна на Меѓународната Комисија за Акредитација, Joint Commission International (JCI). Оваа акредитација ќе значи официјално позиционирање на „Аџибадем Систина“ на врвот во меѓународниот здравствен систем. Печатот за квалитет од комисијата ќе значи печат за  болница – примат во регионот и Европа, која воспоставува нови и најквалитетни насоки во здравствената пракса.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА „ТОКУДАhttps://www.tokudabolnica.bg

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА „СИТИ КЛИНИК“https://cityclinic.bg/en