fbpx

Успешно изведен оперативен зафат кај ракометарот Дисингер

10.12.2019

kristijan

По успешно изведениот оперативен зафат на коленото, заради санација на сериозната повреда, германскиот репрезентативец на Ракометниот клуб „Вардар“ Кристијан Дисингер дојде на контролен преглед кај д-р Михајло Ивановски. Младиот спортист вели дека се чувствува одлично и дека едвај чека да помине периодот на рехабилитација за повторно да се врати на терените.

Досега на Одделот за ортопедија и трауматологија во „Аџибадем Систина“ решение за спортските повреди најдоа голем број врвни спортисти, меѓу кои и поголем дел од ракометарите на европскиот шампион.