fbpx

Успешен симпозиум на перфузионистите од регионот

29.11.2019

IMG r

Во организација на „Медтроник“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ два дена беше домаќин на перфузионистите од Југоисточна Европа. Преставници на 24 болници од седум држави имаа можност да дебатираат за најновите технолошки достигнувања, но и за методологијата која се применува во Европа. Проф. д-р Александар Николиќ, кардиохирург, рече дека „Аџибадем Систина“ како болница е лидер во регионот и според опремата со која располага. Станува збор за најмодерна технологија. Гостите овие вие два дена имаа можност да видат  како функционираат апаратите што ги има „Аџибадем Систина“. Перо Трајковски и Сашо Стоилов, перфузионисти од Одделот за кардиохирургија на „Аџибадем Систина“, велат дека овој симпозиум е одлична можност за развивање на соработката меѓу перфузионистите од регионот.