fbpx

УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „Д-Р ЈОВАН КАЛАУЗИ“ ОД БИТОЛА ЈА ПОСЕТИЈА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

14.05.2024

Учениците од Општинското средно медицинско училиште ,,Д-р Јован Калаузи” од Битола остварија традиционална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во рамки на посетата беа опфатени учениците од насоките медицински сестри, гинеколошко-акушерски сестри и фармацевтски техничари.

За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со организацијата на работата во една модерна приватна болница, капацитетите, современата технологија, персоналот  и примената на најсовремените протоколи при лекување на пациентите.

Идните медицински сестри и акушерки ги посетија и се запознаа со работата на ургентниот центар за деца и возрасни, Центарот за перфекција, амбулантските одделенија, стационарите, додека фармацевтските техничари се запознаа со работата на болничката аптека и Одделот за дијагностички лаборатории.

Посетата на учениците од Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи” од Битола е дел од нивната наставна програма.