fbpx

ТИМОТ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА ПОДДРЖА ХУМАНИТАРНАТА ТРКА „ПОДАЈ РАКА 2020“ ЗА ЛИЦАТА СО ВИЛСОН

24.10.2020

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оваа година го поддржа шестото хуманитарно издание на манифестацијата „Подај рака 2020“ за поддршка на лицата со Вилсонова болест. Поради актуелната пандемија со коронавирус, оваа година трката се одвиваше во виртуелна форма. Задачата на учесниците беше индивидуално или во мала група да изминат најмалку еден километар, во периодот помеѓу 1 и 31 октомври – месецот, и нивната фотографија да ја објавата со хаштагот #подајрака

Целта на оваа акција е да се подигне свеста во јавноста за Вилсоновата болест, да се поттикне социјалната вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест, како и да се поттикнат што повеќе луѓе на рекреација и подобрување на нивната општа психофизичка состојба.

Горди сме на нашиот тим кој оваа година броеше околу 30 члена!