fbpx

ТИМ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО СТРУЧНИ СОВЕТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРОФЕМИНА 2021

09.12.2021

Д-р Александар Сајковски, педијатар, и м-р Ана Антовска, нутриционист, како претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа дел од петтото издание на регионалната конференција Профемина 2021.

На темата „Инфекциите се предизвик – здравјето е цел“, д-р Сајковски зборуваше за одржување на имунитетот и за отпорноста на организмот од болести, како и за навиките што можат да ни помогнат во неговото зајакнување. На втората панел-дискусија учествуваше м-р Ана Антовска, нутриционист, која зборуваше за тоа колку се корисни добрите бактерии и која е врската меѓу здравјето, имунитетот, убавината и пробиотиците. Антовска ја потенцираше важноста на внесувањето свежа и органска храна, како и на пробиотските суплементи.

Профемина е регионална конференција што се организира во повеќе земји, а преку панел-дискусиите се ставени во фокус теми поврзани со здравјето, убавината, мајчинството. Во Македонија оваа конференција се одржува по петти пат, а целта е на публиката да ѝ се обезбедат стручни мислења од различни аспекти.