fbpx

Гранит Цанај, 22, Приштина

06.04.2014

Кога на 22 години ќе се соочиш со смртта е навистина тешко, но кога повторно ќе се вратиш во животниот колосек ќе сфатиш колку е животот прекрасен. Ќе научиш поинаку да гледаш на нештата, да се радуваш и на најмалите ситници, да уживаш во секој нов ден. На 9 јуни 2013 година имав тешка сообраќајна несреќа, по 18 часа имав среќа да се најдам во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Имав скршен прeшлен и повреден ‘рбетен мозок со комплетна парализа. Не можев да ги движам нозете, ниту да ги чувствувам. Ме оперираа и ми кажаа дека не можат да предвидат дали и колку ќе заздравам, дека треба да помине време за да може да се даде прогноза. Бев во паника и страв дека повеќе нема да можам да одам.

Кога заминував од болница ветив дека на првата контрола ќе застанам на нозе. По напуштањето на болницата цели 6 недели бев во постела. Но, верував во вас и се случи чудо. За кратко време повторно почнав да ги контролирам нозете, да чувствувам допир, да разликувам топло-ладно. За само 2 месеци и 14 дена застанав на патерици благодарејќи на стручниот тим на „Аџибадем Систина“ и на моите доктори, проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска.

На 6 септември 2013 година се случи уште едно чудо, почнав да се движам без патерици и без ничија помош. Овој ден вечно ќе го паметам. Го исполнив ветувањето и во амбуланта влегов одејќи. Се сеќавам на лицата на моите доктори и на нивната збунетост, па огромно изненадување и искрена радост.

Ви благодарам за целосната посветеност и грижа околу мене. Вие успеавте да ме спасите од најлошото, вечно да останам парализиран и врзан за инвалидска количка. Со вас добив втора шанса да живеам и да уживам во благодетите на животот.

Гранит Цанај, 22, Приштина.

 

{backbutton}