fbpx

Стручен симпозиум „Трансплантација на ткива и органи – дилеми и предизвици“

07.06.2018

На 9 јуни со почеток во 11.00 часот во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе се одржи стручен симпозиум „Трансплантација на ткива и органи – дилеми и предизвици“

На Симпозиумот со стручни презентации ќе учествуваат еминентни експерти од оваа област од Здравствената групација „Аџибадем“, Турција и Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како и врвни стручњаци од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје.

Симпозиумот е акредитиран од Лекарската комора на Македонија и се очекуваат стручните излагања да ги следат повеќе од 100 доктори од земјава и регионот.