fbpx

15% ПОПУСТ НА КАРДИОЛОШКИТЕ ПАКЕТИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

01.11.2022

„ЧУВАЈ ГО СРЦЕТО, НАПРАВИ ПРЕГЛЕД“

Кардиоваскуларните болести и понатаму остануваат на врвот на најчести причинители за смртност во земјава и светот. Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања, има причинители што едноставно не зависат од нас, но постојат и навики што може да ги промените и така да ги намалите ризиците од можност за срцево заболување. Првата и основна работа што треба да ја запомните е редовната посета на кардиолог, па дури и тогаш кога немате никаков проблем. За таа цел, Клиничка болница „Аџибадем Систина“, во рамки на кампањата „Чувај го срцето, направи преглед“, минатата година воведе седум промотивни кардиолошки пакети. Заради голем интерес од страна на пациентите, во месец ноември и декември се предвидени попусти на кардиолошки пакети за 15%. Целта е да им се излезе во пресрет на сите пациенти кои имаат какви било кардиолошки проблеми, но и на сите граѓани што сакаат да направат превентивен преглед во функција на заштита на сопственото здравје.

AS Kardiologija Paketi Oktomvri MK

ШТО СОДРЖАТ ПАКЕТИТЕ?

  • Во кардиолошкиот премиум пакет е вклучен преглед од доктор кардиолог, ЕКГ, ехо и коронарен стрес-тест.
  • Коронарниот циркуларен пакет, покрај прегледот од специјалист кардиолог, вклучува и: ЕКГ, доплер К/П и коронарен стрес-тест.
  • Каротидниот пакет е со вклучен доплер каротиди, а за единствената промотивна цена, исто така, се добива и кардиолошки преглед од доктор, ехо и ЕКГ.
  • Една од понудите е васкуларен и церебрален пакет во кој се добива преглед од кардиолог, ЕКГ, доплер каротиди и доплер на периферни крвни садови.
  • Пакетот за аритмии и пакетот за хипертензија се пакети услуги во кои пациентот добива кардиолошки преглед со ЕКГ, ехо и доплер.
  • Посебна можност е постковид кардио–пакетот. Многу пациенти што го прележале ковид-19 имаат низа кардиолошки проблеми, но исклучително е важно секој по болеста да изврши преглед за да се увери дали е сè во ред. Во постковид-пакетот има кардиолошки пакет, ехо, ЕКГ и доплер за ритам.

СПОЈ НА НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ

Кардиолошкиот тим на „Аџибадем Систина“ се состои од еминентни интервентни кардиолози, неинванзивни кардиолози и електрофизиолози, со што се овозможува целокупен третман на сите болести на срцето. Покрај стручниот тим, болницата континуирано вложува и во најсовремена медицинска технологија, а сите апарати за дијагноза и третман се последна генерација на технолошките иновации во медицината.

Закажете го вашиот преглед на 02/3099 500 и резервирајте го вашиот кардиолошки преглед со 15% попуст.