Стоматолошки интервенции со целосна анестезија

03.10.2018

Врвниот тим стоматолози во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ посветува посебно внимание на оралното здравје на децата применувајќи најсовремени стоматолошки услуги. Покрај стандардните процедури, Одделот за стоматологија овозможува мултидисциплинарен пристап во третманот на децата со пречки во развојот.

АНЕСТЕЗИОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

Со помош на анестезиолошкиот тим, стоматолошките интервенции се изведуваат во општа анестезија. Пред третманот се прави анестезиолошки преглед, а потоа детето се упатува во специјално опремена стоматолошка ординација. Откако детето ќе се успие, се започнува со интервенцијата. За време на процедурата се мониторираат виталните функции кај детето.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА

Прво се почнува со чистење на забниот плак од забите, а потоа се санираат забите со кариес. Доколку има потреба, на крај се вадат заби (најчесто млечните заби). Откако ќе се заврши со интервенцијата, детето се буди и се сместува во педијатриска дневна болница, каде престојува 1 до 2 часа. Истиот ден детето си оди дома,

СОВЕТИ ЗА ОРАЛНА ХИГИЕНА 

Нашиот стоматолошки тим ќе ви даде стручни совети за правилна хигиена на забите. По прегледот, стоматолог ги едуцира родителите како да ги заштитат забите кај децата со користење специјални пасти, кои го спречуваат развојот на кариес.