fbpx
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЦЕНТРИ

Центар за онкологија и радиотерапија

Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“ овозможува третман на малигни болести според светски стандарди, стручен кадар и современа технологија. На едно место пациентите можат да добијат комплетна услуга, почнувајќи од програма за превентивни прегледи, дијагноза со најсовремена технологија и третман според светски протоколи. Во Канцер центарот пациентите имаат можност да ги користат најсовремените дијагностички процедури, меѓу кои и ПЕТ-КТ испитувањето.

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП

Во Центарот за онкологија и радиотерапија функционира онколошки конзилиум од доктори специјалисти од различни области кои работат заедно за да се понудат најдобрите опции за третман на пациентите. Протоколите за третман за секој пациент со канцер во „Аџибадем Систина“ се донесени од тимот искусни специјалисти. Третманот се планира и пациентот се следи во процесот на лекување. Во исто време посебно внимание се посветува за намалување на несаканите ефекти од терапијата, да се зголемат нивото на енергија и сила на пациентот за полесно да го помине процесот на лекување.

УСЛУГИ НА КАНЦЕР ЦЕНТАРОТ ПРЕВЕНТИВНИ CHECK UP ПРЕГЛЕДИ

Во „Аџибадем Систина“ е отворен првиот Оддел за превентивни прегледи – Check up каде лекарите специјалисти ги проценуваат индивидуалните карактеристики на пациентот, ризикот, проценка на семејните заболувања и факторите на околината. Во зависност од тоа се препорачуваат и спроведуваат соодветни скрининг програми на пациентите. Превентивните прегледи овозможуваат детекција на канцер во рана фаза, кога болеста нема симптоми.

ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН СО МОДЕРНА ТЕХНОЛОГИЈА

Центарот за онкологија и радиотерапија обезбедува дијагноза и третман со најсовремена технологија и инфраструктура по светски стандарди.

MRI : Се користи за дијагноза на тумори на мозок, коскени тумори, саркоми на меките ткива како и тумори на `рбетниот мозок. Од ноември 2016 години на пациентите во Канцер центарот ќе им биде достапен MRI 3 Tesla.
PET/CT: е најефикасна техника за снимање која се користи за поставување дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, за проценка на ефектите од терапијата за канцер, а истата помага и при планирање на радиотерапија и хемотерапија кај повеќето карциноми. Со само едно снимање се одредува точната локација на канцерот, исто така се одредува колку канцерот е проширен.
CT (128 slice): со помош на Х зраци, овозможува приказ на внатрешноста во телото. Оваа технологија се користи за визуелизација на меко ткиво, коски и органи.
SPECT гама камера: повеќенаменска SPECT камера со два детектора овозможува изведување на широка палета нуклеарно медицински дијагностички иследувања.

НУКЛЕАРНА МЕДИЦИНА И ПЕТ/КТ

Во делот на нуклеарната медицина достапни се услуги за дијагноза и третман на канцерот, опремен со ПЕТ/КТ и гама камера. Располага со еднокреветен апартман за третман на пациенти со радиоактивни изотопи, специјално дизајниран за максимална заштита на пациентот, персоналот и околината. Во него се администрира радиојодна терапија кај пациенти со соодветна индикација, како и палијативна терапија кај метастатска коскена болка.

ОНКОЛОШКА ХИРУРГИЈА

Хирургијата има огромна улога во поставување дијагноза, како и во третманот на канцерот. Онколошките хируршки интервенции се изведуваат од страна на специјализирани хирурзи од сите области на хирургија: абдоминална, торакална, урологија, ортопедија и трауматологија, неврохирургија, пластична хирургија, гинекологија и ОРЛ.

ПАТОХИСТОЛОГИЈА

Лабораторијата за патохистологија во „Аџибадем Систина“ е лидер во регионот во воведувањето на најновите методи за испитување. Тимот патолози е во постојан контакт со работата на другите оддели во болницата, со што нуди мултидисциплинарен пристап во дијагностицирањето на малигните болести и одредување на стадиумот на болеста.

МЕДИЦИНСКА ОНКОЛОГИЈА

Секој стадиум на малигно заболување е предмет на медицинска онкологија. Третманот на пациентите се планира мултидисциплинарно и е базиран на медицина заснована на докази. Онколошкиот третман спроведен во Центарот за онкологија и радиотерапија од страна на нашиот стручен тим подразбира апликација на лекови интравенски или орално. Тука спаѓа: хемотерапија, хормонска терапија, имунотерапија и биолошки третман.

РАДИОТЕРАПИЈА

Во овој сегмент во Центарот достапни се два типа на лекување: радиотерапија и радиохирургија. Напредната технологија што ја користиме во радиотерапијата, овозможува канцерогеното ткиво да се уништи со високи дози на зрачење а во исто време да се заштити здравото ткиво. Радиохирургијата е дел од радиотерапијата со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат да се отстранат хируршки. За првпат во регионот овој тип зрачна терапија ја има и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со помош на најмоќниот и најбезбеден акцелератор TRILOGY.

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТРЕТМАН

TRILOGY: линеарен акцелератор за прецизна зрачна терапија на тумори, со мал волумен во исто време обезбедува максимална заштита на околното здраво ткиво. Се користи за успешно лекување на сите солидни тумори, како и на одредени хематолошки заболувања како што се лимфомите. Посебно има успех во третман на канцер на бели дробови, црн дроб и дојка, каде е потребен респираторен мониторинг. За време на третманот TRILOGY може да ја менува позицијата и да го зрачи туморот од повеќе агли. Со менување на аголот, зрачењето целосно го опфаќа делот што се зрачи, а се штити здравото ткиво. Со ова се зголемува успехот на лекувањето.